Во Израел има помалку од 1000 активни случаи на Ковид-19

пред 3 години

Во Израел има помалку од илјада активните случаи на зарзени со Ковид-19. Ваква бројка државата има првпат од март минатата година. Информацијата ја објави денеска израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн.

Во пикот на епидемијата Израел имаше и по повеќе од 70 илјади заразени неведе тој на Твитер.

Во изминатата недела бројот на тешко болните од Ковид-19 во Израел беше под 100. Според него, тоа се должи на успехот на кампањата за вакцинација во државата.

Во изминатите 24 часа се регистрирани само 17 нови случаи. Тоа е 0,2 отсто позитивни тестови од вкупно над 11.500. Досега над 5,4 милиони луѓе или речиси 60 отсто од населението во државата ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер/Бионтех, додека околу 5,1 милиони се со две дози примени вакцини.

Scroll to Top