Во Србија првпат по шест месеци помалку од 1.000 нови случаи на коронавирус

пред 3 години

Денес, првпат од ноември минатата година, во Србија се потврдени помалку од илјада новоинфицирани со коронавирус, објавија здравствените власти.

Во последните 24 часа направени се 9.389 тестови, а потврдени се 834 случаи, што не се случило од 2 ноември 2020 година, кога имало 802.

Починале 19 лица, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на 6.558.

Во болница има 3.827 ковид – пациенти, од кои 137 се на апарати за дишење, објави српското Министерство за здравство.

Scroll to Top