Во Ирак пронајдени тела на 13 цивили киднапирани од Курдите

пред 3 години

Министерот за одбрана на Турција, Халуси Акар денеска изјави дека турската армија пронајде тела на 13 цивили, кои беа киднапирани од Курдите во северниот дел на Ирак.

Тој додаде дека на 12 од жртвите им било пукано во глава.

Сите жртви се откриени се откриени во ирачкиот регион Гара, во близина на границата со Турција за време на операцијата на турската армија против припадниците на Курдска работничка партија, што беше преземена на 10 февруари.

Турската армија соопшти и дека во операцијата загинале двајца припадници на ПКК и оти е уништен магацин со оружје во планинската област во северен Ирак.

Scroll to Top