Семејна трагедија во Германија, пронајдени пет тела во запалена куќа

пред 3 години

Спасувачките екипи пронашле пет безживотни тела по пожар во куќа во западна Германија. Полицијата се сомнева дека во прашање е убивство и самоубиство во семејството кое живеело во куќата.

Пожарникарите во текот на интервенцијата ги пронашле петте тела. Идентифкувани се како 41-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга, двете нивни ќерки кои биле на возраст од една и од четири години како и мајката на жената. Полицијата не ги соопшти нивните имиња.

Според првичните наоди на истрагата полицијата смета дека мажот прво си го убил семејството, ја запалил куќата, а потоа си нанел смртни повреди со нож. Како мотив за грозоморниот чин се наведуваат лошите брачни односи.

Scroll to Top