Во Италија повеќе од 90.000 починати од Ковид-19

пред 3 години

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија надмина 90 илјади. Во последните 24 часа 421 пациент починал од вирусот, а бројот на новозаразени е 13.659, соопшти Министерството за здравство.

Во северната провинција Алто Адиге епидемиолошката состојба е влошена, а регистриран е и првиот случај на англиската мутација на коронавирусот, па локалните власти одлучија да воведат тринеделен строг карантин во регионот.

Во моментов, во Италија има 430 илјади заразени со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата, речиси два милиони и 600 илјади луѓе биле заразени со коронавирусот.

За цело време, регионот на Ломбардија, кој беше епицентар на инфекцијата во првиот бран, е на прво место според бројот на новоинфицирани и не паѓа под илјада нови случаи дневно.

Scroll to Top