Њујорк им оддаде почит на повеќе од 30.000 починати од Ковид-19

пред 3 години

Њујорк, најтешко погодениот град од пандемијата на коронавирус во САД, забележа 30.258 смртни случаи и во неделата на една година од пандемијата им оддаде почит.

„Во Њујорк има повеќе загубени животи отколку во Втората светска војна, Виетнамската војна, ураганот Сенди и тероритстичкиот напад од 11.09, заедно. Пандемијата на некој начин влијаеше врз секое семејство, а за многумина болката е преголема”, рече градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, за време на виртуелна церемонија.

Градоначалникот исто така потсети и на „здравствените херои“ кои „спасија животи“, понекогаш сами плаќајќи ја цената од коронавирусот.

Тој исто така ги повика жителите на Њујорк да се потсетат на некои подобри времиња.

„Без оглед што се случи, никој не може да ви ги одземе танците што веќе сте ги играле“, го цитираше тој шпанскиот колумбиски писател Габриел Гарсија Маркез, во град каде третина од имигрантите се од Латинска Америка.

Виртуелната церемонија започна со кратка програма од Њујоршката филхармонија пред запалени свеќи на познатиот мост Бруклин.

На мостот беа проектирани големи црно-бели фотографии на жртвите.

Scroll to Top