Во областа околу Бундестагот распоредени големи полициски сили

пред 4 години

Припадници на берлинската полиција, засилени со полициски единици од цела Германија, денеска се распоредени во поголемиот дел од центарот на Берлин во пресрет на очекуваните граѓански протести.

Пратениците во германскиот Бундестаг денеска ќе одлучуваат за нацрт-законот што ќе и овозможи на германската Влада сама да воведе антиепидемиски ограничувања, без парламентарна постапка.

Владата ги забрани серијата најавени протести пред Бундестагот од безбедносни причини, но собирите не се забранети во другите делови на германскиот главен град.

Поставени се и заштитни огради околу државните институции во случај демонстрантите да не ја почитуваат забраната за собири.

Голема група луѓе утрово се собра на Бранденбуршката порта, недалеку од зградата на Парламентот, а само неколку собрани имаа заштитни маски и се придржуваа до пропишаното физичко растојание.

Иако повеќето Германци ги прифаќаат и почитуваат најновите мерки на Владата, критичарите тврдат дека усвојувањето на новиот закон ќе ѝ даде на германската Влада премногу овластување и ќе ги загрози граѓанските права на Германците, бидејќи тие нема да бидат усвоени во Бундестагот.

Во последните 24 часа, во Германија се заразиле уште 17.561 лице, вкупно 833.307 од почетокот на епидемијата, а бројот на починати пациенти е 13.119, според денешниот извештај на институтот Роберт Кох.

Scroll to Top