Областа околу Триумфалната капија во Париз евакуирана поради закана за бомба

пред 4 години

Областа околу Триумфалната капија во центарот на Париз е евакуирана поради закана за бомба, изјави полициски портпарол.

Тој рече дека се евакуирани и метро-линиите во таа област.

Франција е во состојба на готовност откако 18-годишен муслиман обезглави наставник кој на час покажа карикатури на пророкот Мухамед.

Досега имаше неколку лажни закани за бомби, последен пат на железничката станица во Лион минатата недела и на Ајфеловата кула пред еден месец.

Scroll to Top