Во пожар во болница во Украина загинаа лекар и тројца ковид пациенти

пред 3 години

Тројца пациенти на интензивна нега и лекар од тој оддел загинаа во пожар што избувна во болницата за Ковид во градот Запорожје во југоисточна Украина, изјави денеска гувернерот на регионот Олександер Старук.

Старук додаде дека пожарот избувнал на првиот кат во болницата, каде што пациентите биле приклучени на респиратории додека други осум пациенти биле евакуирани.

Тој изјави дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

Во Украина досега повеќе од 1,2 милиони луѓе биле заразени со Ковид-19, а 23.229 пациенти починале.

Scroll to Top