Во Скопје и во ковид центрите во земјава се лекуваат 984 пациенти

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациент.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациент, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 30, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6.

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 984.

Scroll to Top