Во САД трет ден рекорден број на новозаразени

пред 3 години

САД трет ден по ред регистрираат рекорден број новозаразени со коронавирусот.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа во САД се потврдени речиси 230.000 нови случаи на Ковид-19, а 2.527 луѓе починале од последици од болеста.

САД вкупно имаат повеќе од 14 милиони потврдени случаи на коронавирус и се на првото место во светот.

Американските здравствени власти предупредуваат на нагло зголемување на бројот на заразени откако милиони Американци минатата недела патуваа за да го прослават празникот Денот на благодарноста, и покрај барањата на властите да останат дома.

Scroll to Top