Во Србија значаен пад на бројот на нови случаи, но и 55 починати од Ковид-19

пред 3 години

Во Србија денеска се забележани 6.534 новозаразени со коронавирусот, а 55 луѓе починале како последица на Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Вкупниот број на заразени во земјата од почетокот на пандемијата изнедува 255.758 лица. Во земјата досега од компликации поврзани со коронавирусот починаа 2.227 луѓе.

Српските власти денеска расправаа за нови рестриктивни мерки, но одлуката е одложена за в понеделник.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, повика на воведување построги мерки и предупреди дека експоненцијалниот раст на бројот на инфицирани не е запрен.

„Кога ги слушам тие приказни за Нова година, ми се слошува. Не е реално една група луѓе да се весели, а знаете дека има луѓе и медицински работници кои се одвоени од семејствата,“ изјави тој за РТС.

Scroll to Top