Во Велика Британија расте бројот на новозаразени – денеска скоро 21.000 нови случаи на Ковид-19

пред 3 години

Бројот на новозаразени со коронавирус во последните 24 часа во Велика Британија, според податоците на владата, е зголемен за 20.964.

Тоа е најголем раст на нови инфекции за еден ден од средината на ноември и големо зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19 во споредба со претходниот ден, кога имаше 16.578, пренесуваат британските медиуми.

Во последното деноноќие од Ковид-19 умреле 516 лица, што е помалку од претходниот ден кога имаше 533 смртни случаи.

Вкупниот број на жртви од Ковид-19 во Велика Британија од почетокот на епидемијата изнесува 63.082 лица.

Scroll to Top