Во Србија и денеска рекордни бројки на заразени и починати од Ковид-19,

пред 4 години

Во Србија во изминатите 24 часа се забележани 6.109 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што е најголема бројка досега.

Во исто време, уште еден црн рекорд е урнат во изминатото деноноќие, во кое борбата со болеста во земјата ја загубиле 29 пациенти.

Во Србија во изминатите 24 часа се извршени 18.890 тестови, а позитивни се 32.19 отсто, соопштија здравствените власти.

Во моментов во земјата 186 пациенти се на респиратори.

Scroll to Top