Во Србија пристигнаа уште 50.000 дози на руската вакцина „Спутник В“

пред 3 години

Вакцините пристигнале рано утрово со авион, а се работи за количина од 50.000 дози на вакцината „Спутник В“.

Авион на „Ер Србија“, кој ги пренесувал вакцините, на белградскито аеродром „Никола Тесла“, слетал утрово во околу 6:30 часот, а вакцините веднаш ќе бидат доставени во институтот „Торлак“, од каде ќе се дистрибуираат до центрите за вакцинација ширум земјата.

Српскиот министерот за иновации, Ненад Поповиќ ја надгледуваше дистрибуцијата на вакцините, на аеродромот во Москва, „Шереметјево“. Тој истакна дека односите меѓу Србија и Русија се на највисоко ниво во историјата.

„ Ниту една земја во Европа не прими толку вакцини од Русија како Србија. Во овој момент, кога самата Русија се соочува со тешкотии во дистрибуцијата на доволно вакцини во нејзините региони, таа и помага на Србија и испраќа вакцини кога ни се најпотребни”, рече Поповоц, додавајќи дека денеска вакцината е повредна од златото.

Scroll to Top