Во Србија рекордни 512 новозаразени со коронавирус, еден починат

пред 4 години

Според последните информации во Србија се регистрирани 512 нови случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице починало.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.425 лица.

На респираторни машини се приклучени 27 пациенти.

Претходниот рекорд во Србија беше поставен на 26 јули, кога беа заразени 467 лица.

Scroll to Top