Во Србија речиси 3.000 новозаразени со коронавирус, 39 починати

пред 3 години

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 11.202 лица на коронавирус, од кои 2.715 биле позитивни, додека починале 39 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 259 пациенти се на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Во институциите за социјална заштита и домовите за стари лица е потврдено присуството на вирусот Ковид-19 кај 1.730 корисници и 764 вработени.

Излечени се 3.250 корисници на институции за социјална заштита и 1.395 вработени во институции за социјална заштита.

Scroll to Top