Во Србија 2.218 нови случаи на коронавирус, 34 лица починаа

пред 3 години

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 11.068 граѓани од кои 2.218 биле позитивни на Ковид-19.

Министерството за здравство соопшти дека починале 34 лица.

Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани вкупно 356.125 случаи на коронавирус, починале 3.513 пациенти, а тестирани се вкупно 2.378.015 граѓани, пренесува „Танјуг“.

Scroll to Top