Во Србија 3.572 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

пред 3 години

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.572 нови случаи на коронавирус, додека 35 лица починаа. Направени се 16.116 тестови.

Во последниве денови, во Србија се забележува пад на бројот на нови случаи, вчера беа отворени трговските центри, а наскоро учениците ќе се вратат во училиштата.

Во текот на неделата, кризниот штаб треба да донесе одлука за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти.

Сепак, многу забрани остануваат на сила, како што е забраната за собирање на повеќе од пет лица.

Scroll to Top