Во Токио бројот на новозаразени за првпат надмина 600

пред 3 години

Во Јапонија во последните 24 часа се регистрирани 2.810 нови случаи на коронавирус, а бројот на новозаразени само во Токио за првпат надмина 600.

Експертите од тимот за борба против коронавирусот велат дека зголемениот број на заразени врши голем притисок врз болниците, што го отежнува лекувањето на пациенти кои немаат Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Јапонија вкупно се заразиле 168.573 лица, а починале 2.465 пациенти.

Scroll to Top