Во Франција над 14.400 новозаразени

пред 4 години

Во Франција, во саботата регистрирани се 14.412 нови случаи на коронавирус за 24 часа, а 39 лица починале од компликации предизвикани од Ковид-19.

Оваа бројка е нешто помала од рекордните 16.000 регистрирани во четврток и петок.

Од почетокот на пандемијата, 527.446 лица се заразениле со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Досега починаа 31.700 лица, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

 

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top