Во Франција по два нови случаи на Ковид-19 во минута

пред 3 години

Бројот на лица кои се згрижени во болници во Франција поради Ковид-19 сега е поголем од претходните пикови во април. Тоа го изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

– Во моментот имаме повеќе од 32.000 пациенти заразени со Ковид-19 во болниците, изјави тој на брифинг со новинарите.

Кастекс додаде дека нов случај со Ковид се прима во болница на секои 30 секунди и по еден на интензивна нега на секои три минути.

Од почетокот на пандемијата, во Франција со коронавирусот се заразиле повеќе од 1.87 милиони луѓе, а починаа над 42,5 илјади пациенти.

Scroll to Top