Врховниот суд на Индија ја стопира примената на Законот за земјоделство

пред 3 години

Индискиот Врховен суид денеска привремено ја стопира примената на новите земјоделски закони и наложи формирање на независен експертски комитет, кој ќе преговара со десетиците илјади земјоделци кои протестираат повеќе од 45 дена на шест главни автопатишта околу Њу Делхи.

Пресудата на Врховниот суд уследи откако земјоделците потпишаа петиција со која се оспорува контроверзниот закон усвоен од индискиот Парламент во септември. Земјоделците тврдат дека законот ќе доведе до картелизација и комерцијализација на земјоделството и ќе ја уништи заработката на земјоделците.

Додека индиската Влада тврди дека законот е во корист на земјоделците и ќе им овозможи пласман на производите и ќе го зајакне производството преку приватни вложувања.

Земјоделците тврдат дека ќе протестираат се додека Владата не го повлече законот. В петок е најавена средба помеѓу владини претставници и зезмјоделците.

Scroll to Top