Гвинеја: Врховниот суд ја потврди изборната победа на Конде

пред 4 години

Врховниот суд на Гвинеја денеска ја потврди победата на претседателот Алфа Конде на изборите од минатиот месец, отфрлајќи ги обвинувањата за измама и му врачи трет мандат, кој според неговите противници е неуставен.

Кампањата на 82-годишниот Конде за промена на Уставот на почетокот на годината со цел да се заобиколи ограничувањето на два мандата и последователната кандидатура на изборите на 18 октомври предизвика насилни протести во кои беа убиени десетици луѓе.

Главниот ривал на претседателот, поранешниот премиер Селу Далеин Диало и другите опозициски кандидати изјавија дека има нерегуларности по објавувањето на официјалните резултати пред две недели, кои покажаа дека Конде победил со 59,5 проценти од гласовите.

Уставниот суд, сепак, соопшти дека тие не презентирале докази.

Scroll to Top