Вучиќ во Сараево ги предаде вакцините „АстраЗенека“ кои Србија и ги донира на БиХ

пред 3 години

На сараевскиот аеродром Бутмир, претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше пречекан од Претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик и Бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ.

Беше најавено дека Вучиќ ќе биде пречекан на аеродромот од комплетното претседателство на БиХ.

По предавањето на вакцините, Вучиќ се состана со членовите на Претседателството на БиХ. Со српскиот претсетдател во Сараево е и министерот за здравство, Златибор Лончар.

Вучиќ претходно најави дека на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат дадени 10.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“, што ги набави Србија.

Scroll to Top