Вучиќ: Со ЕУ договоривме изградба на брза пруга од Белград до македонската граница

пред 3 години

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска по средбата со шефот на европската дипломатија Жосеп Борел дека со Брисел договорил голем проект за изградба на брза пруга меѓу Белград и границата со Северна Македонија.

„Се договоривме и да изградиме брза пруга од Белград до Северна Македонија, што навистина ќе биде голема промена за Србија. Србија сега ќе добие навистина поинаков изглед,“ рече Вучиќ.

„Ова ќе биде многу значајно за Србија, не само во патничка и туристичка смисла, туку тоа ќе биде и значајна врска на Србија со сите делови од светот и Европа. Наскоро ќе имаме и нови автопатишта и сигурен сум дека тоа ќе биде добро за нашите граѓани – како за туризмот, така и за новите бизниси,“ додаде српскиот претседател.

Scroll to Top