Вучиќ треба да го објави името на мандатарот на новата влада, Ана Брнабиќ има најголеми шанси

пред 4 години

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по состанокот со партијата Српска напредна странка (СНС) треба да го објави името на мандатарот за новата влада и ќе ги соопшти неговите очекувања, пишува српски Блиц. Вучиќ се очекува да се обрати на јавноста во 20 часот во Палатата на Србија. Како што веќе напиша „Блиц“, Ана Брнабиќ треба да продолжи да ја води владата и во следниот мандат, бидејќи Вучиќ повеќепати рече дека е задоволен од нејзината работа. Претходните месеци медиумите убедливо најмногу шанси за мандатар и даваа на актуелната премиерка. „Прво, треба да се постигне договор за коалиција и кој би можел да ја формира, а потоа ќе се одлучува за конкретни имиња на министри“, вели изворот на „Блиц“ од врвот на партијата. Прогресивците веројатно ќе продолжат да соработуваат со социјалистите, а засега само Вучиќ ги знае имињата на новиот владин состав. Текстот Вучиќ треба да го објави името на мандатарот на новата влада, Ана Брнабиќ има најголеми шанси е превземен од А1он .

Scroll to Top