Данска: Жена вакцинирана од „ Астразенека“ починала со невообичаени симптоми

пред 3 години

Шеесет годишна жена од Данска која починала од тромб откако била примила вакцина на „Астразенека“ имала невообичаени симптоми, објави данската агенција за лекови.

Според агенцијата, жената имала намален број на тромбоцити и згрутчувања во крвните садови, како и крварење.

Програмата за вакцинација во Европа беше нарушена во изминатите две недели по извештаите за згрутчување на крвта кај луѓе по примање на вакцината од „Астразенека“.

Некои земји привремено престанаа да ја употребуваат вакцината на „Астразенека“.

Европската агенција за лекови ЕМА објави дека нема индиции дека овие случаи биле предизвикани од вакцинацијата со „Астразенека“, што беше потврдено и од Светската здравствена организација.

Од „Астразенека“ објавија дека ги прегледале податоците за безбедноста на вакцината за луѓето кои ја примиле и нема докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Scroll to Top