„Да ја ослободиме Русија од арамиите“, ги повика Навални приврзаниците од затворската ќелија

пред 3 години

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, на кој судот неделава му наложи да оди на одлежување на казна од две години и осум месеци затвор, ги повика своите приврзаници да го надминат стравот и да ја ослободат Русија од „крадците“ на власт.

– Тие можат да останат на власт и да ја искористат за свое лично богатење потпирајќи се само на стравот. Но, ние надминувајќи го тој страв можеме да ја ослободиме својата татковина окупирана од оваа група крадци, напиша Навални на Инстаграм.

Во Русија утре почнува судење за Навални за клевета.

Опозицискиот активист, кој со години е далеку најистакнатиот политички противник на актуелниот руски претседател Владимир Путин, во понеделникот беше осуден на 32 месеци затвор поради кршење на 3,5-годишната условната казна, изречена поради финансиски малверзации со компанијата Ив Роше. Навални, кој инсистира дека случајот е политички мотивиран и монтиран, беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, по труењето со нервен гас што му се случи на авионски лет во родната земја.

Scroll to Top