Дедо Мраз зарази 118 лица со коронавирус во белгиски старски дом

пред 4 години

Човек облечен како Дедо Мраз, кој посетил дом за стари лица во Белгија, заразил 118 лица со коронавирусот,

Според локалните медиуми, син на еден од штитениците на дом за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели луѓето таму.

Меѓутоа, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, почнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, вирусот е потврден кај 98 штитеници на домот за стари лица и 20 вработени.

Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број од луѓето не носеле заштитни маски.

Scroll to Top