Приведени две лица во Тетовско барани со потерница

пред 4 години

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово вчера привеле две лица кои требало да издржуваат затворска казна.

Како што денеска информираа од МВР, вчера околу 17.30 часот, го привеле Р.Б.(27), од долнореканско Врбјане, кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Тој бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 11.40 часот го привеле и 48-годишниот тетовец Х.Ф., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Х.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Scroll to Top