Додик: Џаферовиќ и Комшиќ и` нанесоа штета на БиХ

пред 3 години

Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ со недоаѓањето на состанокот со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, нанесоа штета.
Според српскиот член и претседател на Претседателството, Милорад Додик, тие предизвикале штета на токму она за што формално се залагаат, а тоа е БиХ, која имаше чест да ја посети еден од водечките светски дипломати.

Ваквото однесување на Џаферовиќ и Комшиќ, според Додик е незрело.

„ Она што ќе ми требаше неколку часа да му го објаснам на министерот за надворешни работи на Руската Федерација за БиХ, Комшиќ и Џаферовиќ го покажаа со нивното не доаѓање на состанокот“ рече Додик.

Тој рече дека „сè што имало како забелешка двајцата членови на Претседателството можеле директоно да му се спротивстават на рускиот министер за надворешни работи, на територијата што ја сметаат за своја, но тие не се осмелиле и избрале да се справат со својата нетолеранција кон Руската Федерација со наводни аргументи, што е друго име за дипломатски скандал“.

„ Сергеј Лавров многу добро знае дека Република Српска има свои официјални карактеристики, кои ги користи врз основа на уставот и законот. Зошто министерот Лавров би проблематизирал нешто што се потпира на Дејтонскиот мировен договор, за чие почитување се залага Руската Федерација и врз основа на кое постои и БиХ “- праша Додик.

Ако е така, додаде Додик, ставот на Руската Федерација за неопходноста од затворање на институцијата висок претставник е причина за отсуството на членовите на Претседателството, тоа е само скандалозно.

„Не е точно дека министерот за надворешни работи на Руската Федерација се залага за внатрешен суверенитет на БиХ, а двајца членови на Претседателството навиваат БиХ да остане протекторат“, изјави Додик.

Тој изјави дека поради сето тоа нивното отсуство најсликовито ја објаснило длабочината на проблемите со кои се соочува БиХ.

„Ако со ова сакаа да им угодат на бошњачките муслимани, се надевам дека ќе можат да им објаснат зошто БиХ трпи финансиска штета, зошто паѓа бројот на работни места“, рече Додик и праша што ако Руската Федерација одлучи да одговори на овој скандал со намалување на економската соработка.

Тој истакна дека како претседател на Претседателството на БиХ, утрово беше домаќин на шефот на руската дипломатија во Сараево, имаше одличен состанок и додаде дека со нетрпение ја очекува секоја средба со него или кој било висок функционер на оваа пријателска држава.

Scroll to Top