Ебола повторно се шири во Гвинеја, четири смртни случаи

пред 3 години

Четири лица починаа од ебола во југоисточна Гвинеја потврдија здравствените власти. Појавата на смртните случаи е загрижувачка велат од Министерството за здравство на земјата.

Досега се пријавени осум заболени. Ова се првите случаи на ебола во земјата по епидемијата 2013-16 година, која почна во Гвинеја и остави 11.300 мртви низ целиот регион.

Една од најновите жртви во Гвинеја е медицинска сестра која починала кон крајот на јануари, а била погребана на 1 февруари, изјави за локалните медиуми шефот на Националната агенција за здравствена безбедност, Сакоба Кеита, пренесува Гардијан.

Scroll to Top