Евакуирана фабрика која произведува вакцини за „Астра Зенека“, се сомневаат на бомба

пред 3 години

Полициските единици за отстранување бомби се испратени во фабрика во Велс, која произведува вакцини против коронавирус за „Астра Зенека“, пренесуваат светските медиуми.

Според британските медиуми, во фабриката пристигнал сомнителен пакет.

„Примен е сомнителен пакет, по што ги известивме надлежните органи. По нивен совет, дел од објектот беше евакуиран. Истрагата е во тек“, изјавија од фабриката.

Засега нема информации за можни жртви.

Џон Роберт, сопственик на компанија лоцирана во близина на фабриката, тврди дека слушнал силен тресок околу 11:35 часот по локално време.

„Тројцата разговаравме кога слушнавме силна експлозија или тресок. Излегов надвор, не можев да видам ништо. Погледнав на друга страна и видов двајца мажи на покривот. По тоа, полицијата дојде и ги блокираше патиштата и ги претресе грмушките“, вели Роберт.
Неговиот син Марк рече дека полицијата ги затворила патиштата и дека слушнале дека таму има тим за отстранување бомби.

„Тие се тука околу еден час или нешто повеќе“, рече Марк.

Би-би-си наведува дека полицијата поставила кордон во близина на фабриката и патиштата биле затворени, а органите за спроведување на законот апелирале до граѓаните да ја избегнуваат таа локација.

Scroll to Top