Европските држави се враќаат на вакцинирањето со АстраЗенека

пред 3 години

Ставот на ЕМА објавен синоќа околу безбедноста на вакцината АстраЗенека ги охрабри европските држави да се вратат на користењето на оваа вакцина во имуназиацијата на населението.

Германија, Франција, Италија и Шпанија се дел од земијте кои објавија дека повторно ќе ја користат вакцината. Идентичен став имаат и Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар и Бугарија.

Европската агенција за лекови вчера соопшти дека придобивките од вакцината ги надминуваат можните ризици – и вакцината не е поврзана со „целокупниот ризик“ од згрутчување на крвта.

Сепак, безбедносниот комитет на агенцијата, исто така, соопшти дека не може да ја исклучи потенцијалната врска со „мал број случаи“ на ретко нарушување на коагулацијата што се случило по вакцинацијата.

Загриженоста за вакцината првично ја поттикна извештајот на Норвешката агенција за лекови кој регистрира случи на згрутчување на крвта кај четири возрасни лица кои примиле вакцина.

Scroll to Top