Една година од првиот случај на коронавирус во Вухан

пред 3 години

Пред една година, Кина го објави првиот смртен случај од новиот коронавирус во Вухан. 12 месеци подоцна, Ковид-19 однесе 1,9 милиони животи низ целиот свет.

Меѓутоа, во тој град со 11 милиони жители во централна Кина, каде што се појави првата позната инфекција, вирусот беше згаснат.

Утрово годишнината минува незабележано во Вухан – луѓето можат слободно да одат на работа, парковите и шеталиштата покрај реката се исполнети со пешаци.

Во извештај од 11 јануари 2020 година, Кина ја потврди својата прва смрт од непознат вирус – 61-годишен маж, кој беше редовен клиент на сега веќе неславниот влажен пазар во Вухан, поврзан со многу случаи. Светот наскоро се запозна со смртоносната болест.

Се уште се знае малку за првата жртва, додека пазарот каде беа откриени првите пријавени групи случаи остана затворен.

Независни експерти допрва треба да добијат пристап до пазарот или детална реконструкција на тие рани денови на вирусот во Вухан.

Scroll to Top