Експерти: Ни доаѓа нов „супер-коронавирус“, комбинација од 18 мутации

пред 3 години

Нов „супер“ сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 различни мутации, вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија и Јужна Африка.

Според извештаите на локалните медиуми, научник потврдил дека новиот вид, кој за прв пат бил откриен во градот Бело Хоризонте, содржи многу познати мутации.

„Тој има заеднички карактеристики со видовите на коронавирус кои веќе циркулираа во Бразил, но има и нови карактеристики“, рече за локален дневен весник, Ренато Сантана, вирусолог од Федералниот универзитет во Минас Гераис.

„Како да еволуирале овие варијанти“, рече Сантана и додаде дека новата варијанта ги вклучува истите гени модифицирани од бразилскиот Манаус, позната како П1, британската и јужноафриканската варијанта.

Иако тој потенцираше дека е рано да се каже дека новиот вид е позаразен или смртоносен, Сантана рече дека новиот вид има карактеристики на оние варијанти кои веќе се поврзани со поголем ризик од смрт.

Во Бразил се забележува брз пораст на новозаразени со Ковид-19 во последните неколку недели, а Сантана рече дека рапидно растечкиот број на сериозно болни луѓе може да биде поврзан со разни мутации кои во моментов циркулираат во Бразил и пошироко.

Тој наводно кажал дека релативно бавната вакцинација го забрзува појавувањето на нови варијанти, бидејќи континуираното ширење на вирусот овозможува тој да биде поотпорен на откривање и заобиколување на антитела, бидејќи имунолошкиот систем го гледа само оригиналниот вид, посочил Сантана.

Scroll to Top