ЕК: Дигиталните сертификати се наменети за ЕУ, ги разгледуваме стандардите за Западен Балкан

пред 3 години

Дигиталните зелени сертификати што Европската комисија ќе ги презентира оваа недела, ќе се однесуваат на движењето на граѓаните во рамките на ЕУ, додека деталите за можните документи за државјани на трети земји сè уште се разгледуваат, изјавија од Европската комисија за „Танјуг“.

Дали најавените сертификати, кои вклучуваат информации за вакцинација, ПЦР-тест или антитела, ќе се однесуваат на земјите надвор од ЕУ,  во Брисел велат дека деталите за трети земји сè уште се дискутираат.

„Кога станува збор за трети земји, ние разговараме со меѓународни организации, вклучително и со СЗО и ќе ги земеме предвид техничките, интероперативните и меѓународните стандарди“, изјави портпаролот на Комисијата, Кристијан Виганд.

Kако ќе бидат третирани граѓаните кои биле вакцинирани во нивните земји со вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови при патување во ЕУ, ЕК најави дека повеќе детали ќе бидат познати во среда, кога законскиот предлог за дигитални сертификати ќе бидат презентирани.

„Целта на дигиталните зелени сертификати е да се олесни слободното и безбедно движење во ЕУ, да не се додаваат нови ограничувања, ниту да се забрани нешто, туку да се направат работите поедноставни“, вели Виганд.

Scroll to Top