Ердоган му ја честита победата на Бајден

пред 3 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им честиташе на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и на новата потпретседателка на САД, Камала Харис, за нивната победа на претседателските избори на 3 ноември.

Во својата честитка, Ердоган ја повтори „подготвеноста на Анкара да работи во тесна соработка со администрацијата на САД“ во идниот период, додавајќи дека „силната соработка и сојузништвото“ меѓу двете земји ќе продолжи да придонесува за светскиот мир.

– Како што многупати разговаравме кога бевте потпретседател, односите меѓу Турција и САД се стратешки, засновани врз длабоко вкоренети темели. Предизвиците, со кои се соочуваме денес на глобално и регионално ниво, бараат од нас понатаму да ги развиваме и зајакнуваме овие односи врз основа на заеднички интереси и вредности, пишува Ердоган во честитката до Бајден.

Scroll to Top