Ерменија демантира дека извршила напад врз азербејџански градови

пред 4 години

Ерменија и областа Нагорно Карабах ги демантираа тврдењата на Азербејџан дека ерменски вооружени сили синоќа извршиле напад врз градот Мингачевир.

ՀՀ պաշտպանության նախարարությունը պաշտոնապես տեղեկացնում է, որ Ադրբեջանի ղեկավարության հայտարարությունները, թե, իբր, …

Posted by Shushan Stepanyan on Недела, 04 октомври 2020

– Тоа е уште една дезинформација на Азербејџан, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан.

Претходно Азербејџан ја обвини Ерменија дека гранатира градови во таа земја кои се надвор од зоната на конфликтот.

Хикмет Хајијев, помошник на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, истакна дека ерменските сили извршиле ракетен напад врз градовите Гања и Мингачевир.

Scroll to Top