ЕУ ќе организира самит за јакнење на односите со САД, поканет и Бајден

пред 4 години

Европската унија ќе организира самит посветен на обновување на трансатлантските односи, по изборите за претседател во САД, на кои победи демократскиот кандидат Џо Бајден, соопштија претставници на ЕУ во Брисел.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, има намера да го покани новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, на самитот кој ќе се одржи преку видеолинк.

– Целта е зајакнување на политичкиот дијалог, а ЕУ планира да разговара за пет клучни прашања од заеднички интерес, како што се короната, вредностите и мултилатерализмот, климата, трговијата, безбедноста и геополитичките интереси“, наведуваат во Брисел.

Засега не се знае дали самитот ќе се одржи пред или по инаугурацијата на Џо Бајден.

Scroll to Top