Зголемено присуството на британскиот сој на вирусот во Белгија

пред 3 години

Кризниот штаб за Ковид-19 соопшти утрово дека околу 20 отсто од заразените во Белгија се инфицирани со британскиот сој на вирусот, но земјата сѐ уште не е се соочува со трет бран, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-Британскиот сој претставува 20 отсто од новите позитивни случаи, ова јасно е зголемување во однос на јануари кога процентот беше девет, изјави портпаролот на кризниот штаб, Ив Ван Латем.

Што се однесува до јужноафриканскиот сој, тој е многу помалку присутен во земјата, освен на северот.

Властите сепак смируваат дека иако има зголемување на заразените состојбата во болниците е стабилна и не може да се зборува за “трет бран“ на Ковид-19.

-Ова е комплексна епидемиолошка состојба, но ако и натаму внимаваме и ги применуваме мерките, можеме да ја контролираме ситуацијата, рече портпаролот.

Во однос на статистиките, бројот на заразени е зголемен за 12 отсто во споредба со претходната недела, додека стапката на позитивност е стабилна на 5,6 отсто.

Scroll to Top