Зелените ја избраа Аналена Баербок за кандидатка за нов германски канцелар

пред 3 години

Германската партија на Зелените денеска ја номинираше Аналена Баербок, една од ко-претседателите на партијата, за нивна кандидатка за канцелар на изборите во септември, јави ДПА.

Партијата има зголемена популарност во анкетите во последните неколку години и за првпат ќе именува свој кандидат за канцелар, бидејќи Ангела Меркел се повлекува од функцијата по повеќе од 15 години владеење.

Со околу 20 проценти рејтинг меѓу гласачите пред изборите во септември, Зелените очекуваат да освојат неколку десетици места во германскиот Бундестаг, како втора по големина сила во земјата.

Тоа оваа партија не само што ја прави силен играч и сигурен учесник во идната владина коалиција, туку, исто така, би можеле да биде во позиција да и се додели и канцеларската функција во коалиција во која нема да биде вклучен десноцентристичкиот блок на ЦДУ-ЦСУ на Меркел.

Scroll to Top