Нов силен земјотрес од 5,5 степени во централна Грција

пред 3 години

Земјотрес со интензитет од 5,6 по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Грција. Епицентарот бил на длабочина од 8,5 километри, со епицентар на 20 километри од градот Еласона.

Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Пред девет дена, регионот го погоди најсилниот од серијата потреси, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика голема материјална штета.

Надлежните соопштија дека нема причина за загриженост, но сепак ги повикаа жителите на областа засега да останат надвор од нивните домови, како превентивна мерка.

Scroll to Top