Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија.

„Одделот за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше земјотрес со средна јачина на 6 декември 2020 година, во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 28 километри северно од Драч. Јачината на земјотресот беше 4,4 степени по Рихтер“, соопшти Сеизмолошкиот институт.

Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 16 километри.

Scroll to Top