Иако бил вакциниран со две дози, словенечки лекар позитивен на коронавирусот по враќањето од Африка

пред 3 години

Словенечки лекар, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирус откако претходно бил вакциниран со две дози од вакцината, потврди втората по големина словенечка болница.

Лекарот неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека можеби бил заразен со заразен јужноафриканската мутација на вирусот, што сè уште не е докажано, пренесува Хина.

Како што јави телевизиската станица ПОП-ТВ, повторна инфекција е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна, а откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, болницата постапила според пропишаниот протокол и ги информирала епидемиолозите.

Како што изјави денеска на редовната владина конференција микробиологот Тјаша Жохар Чретник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, на микробиолозите им треба најмалку една недела за секвенционирање на геномот на вирусот и за потврда на варијантата, а досега не е забележан ниту еден случај на јужноафриканската мутација во Словенија.

Scroll to Top