Израелец кој со велосипед мина низ целиот свет, загина од удар на автобус во близина на неговата куќа

пред 3 години

Авантурист кој возел велосипед низ целиот свет и преживел пад од планина во Индија, почина откако го удрил автобус во близина на неговиот дом во северен Израел.

Роеј Садан, исто така познат по прекарот Џинџи, имаше 39 години. Од 2007 до 2011 година со велосипед минал низ 42 земји, на шест континенти.

Автобусот го удрил во близина на влез во кибуц, во средата во 14:30 часот по локално време, пишува Би-би-си.

По несреќата тој бил пренесен во болница каде починал во петокот.

Три години откако го започна своето патување низ светот, Садан за „Јерусалем пост“ напиша: „Додека преминувам континенти, не сум сам. Ги посетувам израелските амбасади низ целиот свет, давам предавања во училиштата и му кажувам на светот за Израел … Некои ме нарекуваат ‘амбасадор на тркала’“.

Неговата рута започнала од северна Алјаска преку бреговите на Северна, Централна и Јужна Америка. Потоа со велосипед возел од крајниот југ на Африка до Етиопија, па потоа назад до Израел.

Следната турнеја му минуваше низ Европа, потоа Турција, Узбекистан и Таџикистан, до Кина. Истата ја заврши со двонеделна обиколка на австралискиот брег.

Пет години подоцна, во 2015 година, тој доживел несреќа додека пешачел во северна Индија. На планината Сток Кангри се лизнал на карпа и паѓал неколку стотици метри. Тој бил пренесен во болница, а откако неговата состојба се стабилизирала, бил префрлен на лекување во Израел.

По несреќата се опорави и продолжи со велосипедизмот.

Scroll to Top