Израелскиот амбасадор во Тирана: Ќе го признаеме Косово за неколку недели

пред 3 години

Израелскиот амбасадор во Албанија, Ноа Гал Гентлер изјави дека неговата земја ќе го признае Косово за неколку недели, пренесува Зери.

– Почнаа преговори меѓу Израел и Косово, но исто така и меѓу Израел и Србија. Ќе бидат потребни уште неколку недели за да се постигне договор и ќе следи отворање на амбасадата на Косово и на Србија во Ерусалим, рече Гантлер во ТВ-емисијата Скен, пренесува приштинскиот портал Зери.

Прашан зошто е толку важно Израел да го признае Косово, тој рече: тоа е прашање што бара одговор од народот на Косово, но ние имаме симпатии кон албанскиот народ.

– Ние мора да дадеме се од себе за да му помогнеме на вашиот народ. Го сторивме тоа без признавање во минатото, но со признавање ќе биде полесно, рече Гентлер, додавајќи дека можат да се изградат мостови во економијата, образованието, културата.

Scroll to Top