Имунитетот на Ковид-19 трае најмалку осум месеци по прележувањето на болеста

пред 3 години

Студија објавена во списанието „Сајенс“ покажува дека имунитетот на човечкиот организам кон коронавирусот обично трае најмалку осум месеци по инфекцијата, а потенцијално може да трае значително подолго.

Студијата открива дека околу 90 проценти од пациентите кои учествувале во студијата имале долготраен и стабилен имунитет.

Новата студија во „Сајанс“ сведочи дека луѓето во повеќе случаи развиваат подолготрајна отпорност на вирусот, откако ќе ја прележат болеста.

Анализата на примероци од крв од речиси 200 пациенти покажала дека повеќе елементи на имунолошкиот систем, не само антителата, продолжуваат ефикасно да го препознаваат вирусот и да реагираат на него.

Човечкото тело се чини дека „се сеќава“ на напаѓачот и е во состојба да реагира на секоја средба со заканата, во координирано дејство на антитела и Т-клетки, се наведува во анализата.

Објавата во „Сајенс“ доаѓа откако новата, позаразна варијанта на коронавирусот, првпат забележана во Велика Британија, почна да се шири низ целиот свет. Научната заедница, сепак, верува дека оваа нова варијанта нема да победи во судир со човечкиот имунолошки систем.

Авторите на студијата објавена во „Сајенс“ сметаат дека резултатите од нивното истражување можат да се применат на британската варијанта, но и на основниот вирус. Причината за оптимизмот лежи во фактот дека имунолошкиот систем го напаѓаат различни делови на вирусот, а со мутациите се променети само неколку делови.

Scroll to Top