Крисанти: По заразата, имунитетот трае најмалку девет месеци

пред 3 години

Уште не знаеме колку трае имунитетот по вакцинирањето против Ковид-19, но сигурно знаеме дека оние кои биле заразени се заштитени, имуни меѓу девет и 10 месеци, изјави познатиот италијански виролог Андреа Крисанти.

Според него, оваа информација е добиена во истражувањето спроведено меѓу жителите на општината во регионот Венето, каде што на 21 март минатата година беше идентификуван првиот случај на инфекција со Ковид-19 во Италија.

Професорот Крисанти вели дека откриле дека луѓето кои се заразиле во првиот бран на пандемијата, а потоа стапиле во контакт со заразени лица кои се разболеле во вториот бран, не само што не се заразиле, туку било откриено дека имаат развиено уште повеќе антитела.

– Имунитетот на оние кои се заразиле со инфекцијата трае најмалку девет месеци, а многу веројатно и подолго, истакна Крисанти.

Професорот Андреа Крисанти стана познат по својата анти-ковид стратегија, која беше применета во Венето.

Тој предложи, и така беше направено, да се изврши масовно тестирање на популацијата и да не се чека да се појават првите симптоми на заразата.

Благодарение на ова, како што пренесуваат италијанските медиуми, Венето имаше релативно мал број заразени и починати во првиот бран на пандемијата во споредба со другите региони во Италија.

Scroll to Top